Home Спорт Федерер закажа ново финале со Надал!

Федерер закажа ново финале со Надал!

Роџер Федерер го победи Ник Кирјос и избори финале на Мастерсот во Мајами во кое за противник ќе го има Рафаел Надал, кој претходно беше убедлив во дуелот со Фабио Фоњини.

Федерер во 35-та година од животот игра на нивото како во најдобрите денови, во Мајами по речиси три часа игра и три тајбрека го скрши отпорот на малдата ѕвезда Кирјос.

Австралиецот во вториот сет успеа да спаси меч топка, да избори трет сет кој во тајбрејкот Федерер го доби со 7:5.

Федерер во финалето ќе игра со Надал, во еден од најголемите класици на светскиот тенис. Историјата во меѓусебните дуели на овие двајца започна точно пред 13 години во Мајами, а финалето ќе биде нивниот 37-ми дуел.

Сезонава Швајцарецот победи во двата дуели, во финалето на Аустралијан Опен и во полуфиналето на претходниот Мастерс во Индијан Велс.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…