Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Роџер Федерер експресно избори пласман во полуфиналето на Австралија Опен каде го чека сонародникот Стан Вавринка кој претходно славеше над Жо-Вилфред Цонга со 3:0.
Федерер до своето 41-во полуфинале на Грен слем турнирите, 13-то во Мелбурн, стигна експресно со триумфот над Миша Зверев 6:1, 7:5, 6:2, за само 94 минути игра.
Миша Зверев, кој во претходната рунда меѓу гледачите го испрати првиот носител Енди Мари, против инспирираниот Федерер немаше никакви шанси. Постариот од браќата Зверев очигледно премногу импресиониран од настапот во своето прво четвртфинале на грен слем турнирите, одигра нешто само во вториот сет, во кој имаше брејк предност (1:3).
Во првиот и третиот сет на теренот постоеше само Федерер, кој лесно се справи со сервис-волеј играта на Зверев.