Федерер меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најтрофејниот тенисер во историјата, Роџер Федерер беше избран за една од стоте највлијателни личности во светот, од страна на списанието „Тајм“.

Од избраните стотина, само шест беа фотографирани за насловната на „Тајм“, а 36-годишниот Швајцарец е меѓу нив

За ликот на Федерер краток осврт напиша и Бил Гејтс:

„Бев сведок на тоа колку внимателно Роџер и неговиот тим работат за да ги подобрат животите на сиромашните деца. Роџер знае дека филантропската работа, баш како и во тенисот, бара многу дисциплина и време”, напиша Бил Гејтс.