Федерација на фармери: Казандол е штетен за земјоделците, го поддржуваме референдумот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Федерацијата на фармерите на Република Македонија го поддржува одржувањето на референдум во  Богданци за изјаснување на граѓаните дали треба да се отвори рудник за бакар Казандол.

Од ФФРМ препорачуваат да се размисли добро при самото одлучување бидејќи со отворањето на овој рудник ќе се направат негативни ефекти кон земјоделството, посебно органското производство и доколку не се применат мерки во рудникот за соодветна заштита ќе се направат големи штети, посебно врз земјоделската почва.

ФФРМ својот став го изгради врз основа на земјоделците од овој регион кои се членки во ФФРМ и воедно се консултираше и со експерти од областа за заштита на животната средина, агрономи кои го делат истото мислење со организацијата дека рудникот ќе направи големи штети во земјоделството, доколку се отвори и не се применат соодветни технологии и мерки за заштита на животната средина. ФФРМ ја поддржува и иницијативата на Валандово и Дојран за организирање референдум на населението каде што ќе се изјаснат за тоа дали треба да се отвори рудникот за бакар Казандол, стои во соопштението од ФФРМ.