Фчерашни новости се враќаат во етерот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Со почеток во недела, во 19 часот и 30 минути, на Канал 5 почнува со емитување петтата сезона од популарната хумористично-сатирична серија Фчерашни новости.

Повторно ликовите на Фчерашни, на нивниот добро познат начин, ќе ги претстават случувањата во земјава.

Новина во „новостите” е тоа што покрај постоечкиот концепт на вести од “фчера”, тие ќе понудат и нешто поразлично. Во петтата сезона публиката ќе може да влезе во редакцијата на Фчерашни каде „новинарите” се подготвуваат за „вестите”.

Публиката ќе има можност од поблиску да ги запознае, Уредникот Номче, Менде Гибнатио, Јелисафета Крстиќ Поп Мајбах, Ацо (водителот), Мајстор Рубин, Маја и Џемаил.