Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бившиот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека агенти на ФБИ го пребарале неговиот имот во Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.
„По работата и соработката со релевантните владини агенции, овој ненајавен упад во мојот дом не беше ниту потребен ниту соодветен“, се вели во соопштението на Трамп.
Поранешниот американски претседател не кажа зошто е извршена претресот.
„Мар-а-Лаго е во моментов под опсада, нападнат и окупиран од голема група агенти на ФБИ. Тие дури го обија и мојот сеф“, рече Трамп.
Од седиштето на ФБИ во Вашингтон и од канцеларијата во Мајами не сакаат да ги коментираат информациите за рацијата во куќата на Трамп.
Синот на Трамп, Ерик, изјави за Фокс њуз дека предмет на претресот биле кутии со документи кои Трамп ги однел од Белата куќа и дека неговиот татко со месеци соработувал со Националниот архив за оваа работа.
Американското Министерство за правда започна истрага во рана фаза за изнесување официјални претседателски документи од страна на Трамп во имот на Флорида, изјави извор запознаен со ова прашање во април.
Истрагата доаѓа откако американскиот Националниот архив го известил Конгресот во февруари дека открил оти околу 15 кутии со документи од Белата куќа, вклучително и доверливи материјали, Трамп ги однел на својот имот во Мар-а-Лаго.
Надзорниот комитет на Претставничкиот дом потоа објави дека ја проширува истрагата за постапките на Трамп и побара од Националниот архив да обезбеди дополнителни информации.