Home Актуелно Фатиме Фетаи имала сообраќајка – за среќа поминала со полесни последици

Фатиме Фетаи имала сообраќајка – за среќа поминала со полесни последици

Oбвинителката Фатиме Фетаи, која беше дел од СЈО, вчера вечерта доживеала сообраќајна несреќа од која се здобила со лесни повреди. Откако првично била пренесена во Градската болница „Св. Наум Охридски“, била пуштена на домашно лекување.

Сообраќајката се случила синоќа околу полноќ на крстосницата од улиците „Македонско-косовска бригада“ и „Џон Кенеди“ во скопската населба Топанско Поле. Фетаи управувала со возило „Сеат Ибица“.

„Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило ‘Сеат Ибица’ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф. (36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило ‘Фолксваген Поло’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш. (55) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница ’Св.Наум Охридски‘. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…