Фатени во лага: Нивните животи, сепак, не се така совршени


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Совршени тела, совршени кадри и совршен живот – така некако може да се опише во кратки црти секоја фотографија од фамозните таканаречени „инфлуенсери/ки“ на Инстаграм и секој видео „влогер“ на YouTube.

Но, во сета таа фрка и лудило за фалење со сопствената „совршеност“, многу од овие луѓе премногу се опуштаат убедени дека нивните следбеници нема да ја дознаат вистината која ја затскриваат. На 20 „инфлуенсери“ од двете видеа кои ги објави YouTube каналот InformOverload им се случи токму такво разоткривање.

Со години на Инстаграм граделе кулиси за совршен живот, а потоа беше откриено дека ништо во нивната реалност не е така идеално како што тие го прикажуваат.

Јована Мендоза тврдеше дека е веганка и дека нејзиното здравје никогаш не било подобро откако станала веганка, сè додека нејзината колешка „јутјуберка“ не објави видео на кое се гледа како Јована јаде риба. После тоа, таа призна дека токму веганската исхрана го нарушила нејзиното здравје.

Лиса Ли живеела во вистинска кочина, но на нејзините „совршени“ фотки ѓубрето и кучешкиот измет беа вешто сокриени.

Тана Монго тврдеше дека се омажи за колегата „инфлуенсер“ Џејк Пол, но после неколку дена двајцата признаа дека сето тоа го исценирале за да имаат јаки и привлечни фотки на Инстаграм.