Актуелно

Фатен затвореникот кој денес избега за време на транспорт – полицајците ќе бидат суспендирани

Полициските служби денес околу 17:30 часот го пронајдоа и фатија затвореникот кој денеска успеа да им побегне на полицајците кои го транспортирале на преглед, потврдија официјални лица од МВР. Тој е пронајден во близина на село Пресница, општина Липково.

Како што соопшти  директорот на затворот Боби Мојсовски, тој успеал да побегне од задната врата на возилото со кое полицијата го враќала од Клиничкиот центар, каде бил упатен на преглед, кога затворските полицајци застанале да купат сендвичи од бензинската на Макпетрол кај училиштето „Михајло Пупин“.

Полицајците, според директорот, ќе бидат суспендирани поради непочитување на постапката за менување на рутата, поради тоа што не бил врзан затвореникот и трето, како што вели, најверојатно му купувале и нему сендвич.

Advertisements
To Top