Фатен е крадецот кој ровареше на паркингот од државна болница! (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На 14.02.2018 година во 15,20 часот Ј.А.(43) од Куманово, пријави дека истиот ден на паркингот кај гаражите на Инфективната клиника, во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ од страна на непознато лице со употреба на погоден предмет било скршено стаклото од задната лева врата од патничко моторно возило “Алфа Ромео 159“ со кумановски регистерски таблици и бил одземен еден несесер темно сина боја и една женска чанта.

Непосредно по извршеното кривично дело лицето било забележано од страна на двајца вработени во обезбедувањето. Иако лицето почнало да бега, службениците од обезбедувањето го стигнале и задржале до доаѓањето на полициските службеници. Сторителот бил приведен во Полициска станица Центар, каде што е идентификуван, односно е утврдено дека се работи за Х.С. (42) од Скопје.

Со него е извршен разговор при што дополнително е дојдено до сознание дека истиот извршил уште едно кривично дело во декември минатата година. Имено на 15.12.2017 година околу 13,00 часот на ул.“Самоилова“ на паркинг простор тој со погоден предмет го скршил задното десно стакло од патничко моторно возило “Пасат“ со тетовски регистерски таблици и одзел една ташна, по што го напуштил местото на настанот.

Погледнете го видеото: