Фаталната секс бомба Бригит Нилсен бремена на 54 години


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Данската манекенка и актерка, освен по модната и актерска кариера, позната и по бракот со Силвестер Сталоне, фаталната Бригит Нилсен објави дека повторно е бремена. Данската славна убавица ќе раѓа на 54-годишна возраст, соопшти „Билд“.

Нилсен сподели фотографии во Instagram, на кои се гледа нејзиниот стомак. „Моето семејство расте“, пишува таа.

Бригит ја започна својата кариера како модел за Армани, Версаче и Фере. Таа има стекнато популарност кога Сталоне ја почести со улога во „Роки IV“ во 1985 година. На крајот на истата година двајцата се венчаа, но нивниот брак издржа само 2 години.

Сепак Бригит ги задржа позитивните чувства кон Сталоне и го заштити при обвинувањата дека сексуално нападнал 16-годишно девојче за време на снимањето на филмот „На врвот“ во 1986 година.

Таа има вкупно четири синови од петте брака. Нејзиниот последен сопруг е Матија Деси, 15 години помлад од неа.