Фаталната Робин Рајт ја презема главната улога во финалната сезона на House of Cards


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Последната сезона од популарната серија House of Cards ќе продолжи да се снима во 2018 година, но без актерот Кевин Спејси, кој се најде во жариштето јавната критика откако беше обвинет за повеќекратно сексуално малтретирање на неколку лица.

Директорот за содржини на Netflix, Тед Сарандос, како што пренесуваат странските медиуми, откри дека новите епизоди од House of Cards ќе имаат пресврт во дејството и дека ќе бидат фокусирани на актерката Робин Рајт, една од главните протагонистки во серијата.

„Возбудени сме што донесуваме одлука која ќе им се допадне на фановите“, изјави Сарандос на прес-конференцијата, откривајќи дека 2.000 луѓе кои работат на истата се враќаат на работа следната година.

Последната сезона на House of Cards ќе биде пократка од претходните, бидејќи ќе има само осум епизоди. Деталите за дејството уште не се познати.

Исто така, почнаа да кружат гласини дека Netflix сака продолжение на франшизата, но американската компанија официјално го нема потврдено тоа.

Да потсетиме, Спејси пред неколку месеци беше суспендиран од серијата во која одглуми пет сезони во главната улога на Френсис.