Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
15 април, денот кога се запали покривот од познатата катедрала Нотр Дам во Париз, цивилизациската историја го памети како кобен датум на фатални несреќи и случувања.
Овој податок и факт го забележаа голем дел од интернет корисниците, поврзувајќи го со серија немили и стравични несреќи.
На истиот датум во 2013 година се случи бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон. Две бомби експлодираа кога првиот од 27.000 учесници стигна на целта.
Во ужасната експлозија загинаа три лица, од кои едно е осумгодишно момче, а беа повредени 264 лица, од кои некои останаа без раце и нозе.
Но нападот во Бостонскиот маратон не е единствениот катастрофален настан што се случи на 15 април.
Многумина се сеќаваат во 1989 година и катастрофата на Хилсборо, една од најголемите спортски трагедии во историјата. На преполниот стадион Хилсборо во Велика Британија се играше натпреварот помеѓу Ливерпул и Нотингем Форест.
Поради организаторска грешка, на стадионот кој може да прими 39.000 гледачи беа пуштени повеќе од 54.000 обожаватели. Откако некој ја отвори безбедносната ограда се создаде стампедо, каде што 96 фанови на Ливерпул загинаа, а повеќе од 700 луѓе беа повредени.
Датумот 15 април е уште позлокобен ако се потсетиме на уште една трагедија што се случи на тој датум во 1912 година. Во раните утрински часови во Северниот Атлантскиот Океан, по ударот во глечерот, потона британскиот брод Титаник. Во катастрофалната хаварија животот го загубија 1.517 луѓе.