Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
YouTube каналот „Kings and Generals“ објави интересна анимација на Косовската битка која се водела на 15 јуни, 1389 година, во близина на Приштина, помеѓу српската и османлиската војска.
Српските сили биле предводени од кнезот Лазар Хребељановиќ, додека на чело на турскиот аскер бил султанот Мурат I.
Иако во првата фаза од битката српските сили го потиснале непријателот, а еден од српските витези, Милош Обилиќ, успеал да го одземе животот на султанот Мурат, синот на Мурат, Бајазит, ги повел своите редови во контра-напад кој резултирал со заробување на кнезот Лазар.
Лазар бил погубен по наредба на султанот Бајазит, откако османлиската војска се повлекла од бојното поле и ја напуштила Србија.
И покрај тоа што првите извори за битката говорат за српска победа, во средината на 15-ти век се појавуваат наводи за нерешен исход и српски пораз. Затоа се смета дека самата битка завршила со победа или нерешен исход, но според долгорочните последици претставува отоманска победа.
Во видеото се споменуваат и судирите кои претходеле на Косовската битка, како битката на Марица во 1371 година и битката кај Плочник во 1387 година.