Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фармацевтските компании веројатно нема да најдат единствен лек против коронавирусот. Третирањето на ковид-19 веројатно ќе се врши со разни третмани за различни групи пациенти, изјави шефот на Меѓународната федерација на фармацевтски производители и асоцијации (IFPMA), Томас Куени.
„Поминавме долг пат, но мора искрено да признаеме дека некои од нашите надежи пропаднаа“, рече лидерот на ИФПМА во обраќањето на Интернет пред медиумите во Женева.
„Најверојатно, нема да има единствен лек“, рече тој, но додаде дека бројот на потенцијални третмани за оние против ковид-19 што се истражуваат или се во фаза на тестирање се искачи на 300, од 140 на крајот на март.
Фармацевтите испитуваат три главни начини за борба против вирусот: лекови кои директно го напаѓаат, оние кои делуваат преку имунолошкиот систем и оние кои делуваат на симптомите на воспалението.
Новите лекови кои се тестираат ветуваат, а постојните лекови со кои се обиделе да се борат против ковид-19 довеле до различни резултати, тврди ИФПМА.
На пример, лекот против артритис и маларија хидрохлорокин не се покажа како корисен во лекувањето на лесните случаи.
Исто така, докажано е дека тоцилизумаб, друг лек против артритис, не им помогнал на пациентите со тешка пневмонија.
Од друга страна, антиинфламаторниот лек дексаметазон се покажа како ефикасен кај сериозно болни пациенти, а ремдесивир, лекот против ебола, веќе се користи за да се забрза закрепнувањето на хоспитализираните пациенти.