Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
По пауза од шест месеци Новак Ѓоковиќ му се врати на тенисот, во егзибициски меч на Кјуонг Класик во Мелбурн го победи Доминик Тим со убедливи 6-1 и 6-4.
Поранешниот најдобар тенисер во светот го победи Тим по 64 минути игра со 6:1, 6:4. Ѓоковиќ одигра мошне сигурен прв сет, во кој на противникот му дозволи да освои само еден гем.
Србинот добро сервираше, во вториот сет при резултат 4:4 спаси неколку брејк топки и на крајот заслужено победи.
„Ова е ми е прв меч во кариерата на кој играм со ‘ракав’. Крадам тајни од Кирјос и се обидувам да сервирам што е можно подобро“, изјави Ѓоковиќ.
„Направив сè за да ја залечам повредата. Минаа шест месеци од мојот последен меч. Ова не е официјален турнир, но ние игравме, а и понатаму играме на резултат. Благодарност до публиката, одлучно е што се вратив“, додаде Новак.