Фановите во „екстаза“: Спајс Грлс повторно се обединија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бендот „Спајс Грлс“ најави нови проекти откако популарните „девојки“ одлучија да се обединат за прв пат после 2012 година.

„Сега е вистинско време заедно да истражиме некои неверојатни, нови можности“, се наведува во соопштението на бендот што во деведесеттите години од минатиот век беше вистинска поп сензација.

Како што пишува „Би-Би-Си“, обединувањето се случило во куќа на една од членките на бендот. На состанокот покрај Пош, Џинџер, Спорти, Гери и Бејби присуствувал и нивниот поранешен менаџер Сајмон Фулер.

Гери Хорнер, позната и како Гингер Спајс, им со доверила на нејзините пријатели дека првиот настап, по повод враќањето на сцена на Спајс Грлс, ќе биде на кралската свадба во мај.

Гингер Спајс, смета дека тоа е вистинска прилика и дека добро се вклопува во нејзината идеја, враќањето на Спајс грлс на биде „многу британско“.