Фановите на Сити избраа: Бернардо Силва е играч на сезоната!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бернардо Силва беше прогласен за играч на сезоната на Манчестер Сити во анкетата на навивачите, објави клубот на својот официјален Твитер профил.

Португалецот доби 48% од гласовите, а останатите гласови отидоа кај Рахим Стирлинг и Серхио Агуеро.

На овој начин, поддржувачите на англискиот шампион го споделија мислењето на менаџерот Пеп Гвардиола дека Силва беше најдобар „граѓанин“ оваа сезона.

Пеп верува дека играчот од средниот ред требало да ги освои наградите на професионалните фудбалери, тренерите и новинарите, но тие завршија во рацете на Стирлинг и Вирџил ван Дијк.

Сепак, фановите го послушаа Гвардиола па му дадоа „утешна“ награда на Бернардо Силва.