Фановите на Реал Мадрид планираат протест против капитенот Рамос


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Група фанови на Реал Мадрид планира да прави протест против капитенот на тимот Серхио Рамос, пренесуваат шпанските медиуми.

Според фановите Рамос е посочен како најголем виновник за негативната атмосферата во тимот, кое доведе до слаби резултати од почетокот на сезоната, а чашата ја прелеа дебаклот во Ел Класико.

Фановите ќе го изразат незадоволството против Рамос за време на следниот меч во Примера, кој се игра во сабота на „Сантиаго Бернабеу“ против Ваљадолид.

Реал е во голема резултатска криза и моментално е на 9-то место во Примера, што резултираше и со отказ на тренерот Лопетеги.