Фановите на Ливерпул разочарани од Саурез: Го чека „пекол“ на Енфилд


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Името на Луис Суарез беше најспоменувано кај фановите на Ливерпул после синоќешниот полуфинален дуел против Барселона на „Камп Ноу“.

Суарез, кој што беше миленик на „Коп“ во периодот од 2011 до 2014 година го отвори резултатот на „Камп Ноу“, а потоа бурно го прослави голови против својот бивши клуб.

Според фановите на Ливерпул, начинот на кој Суарез го прослави голови е недостаток на респект кон клубот каде доживеа фудбалска афирмација и практично му осигури трансфер во Барселона.

Тоа не беше единстевната провокација на Суарез кон „црвените“. Уругваецот влезе во расправија со неколку играчи на Ливерпул, меѓу кои Робертсон, Ван Дајк и Алисон.

Фановите на Ливерпул се разочарани од однесувањето на својот поранешен миленк и јавно изјавија дека нема да имаат респект кон него, па нема да го пречекаат добро на „Енфилд“ следната недела.