Фановите го почестија славниот Том Хенкс со автомобилот кој му лежи на срце


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Инспирирани и мотивирани од радосниот Том Хенкс кој позира покрај стариот Fiat 126p, група негови обожаватели од Полска одлучија да соберат нешто ситно кеш и на славниот актер да му купат на подарок примерок од легендарниот стар автомобил.

Минатата година Хенкс снимаше филмски сцени во Будимпешта, каде на улица наиде на еден примерок од легендарната „Пегла“ со кој се фотографираше и се пофали на социјалните мрежи, сиот кефосан од малото откритие.

„Имам нов автомобил! Хенкс“, напиша тогаш актерот.

Моника Јасколска (42), која живее во градот Бјелско-Бјали, на југот од Полска, каде Fiat имаше погон во кој од 1971 до 2000 година беа произведени три милиони примероци од моделот 126p. Таа одлучи еден од примероците од славната „Пегла“ да му го прати на Хенкс како подарок.

На Фејсбук успеа да собере 2.000 евра за „Пегличе“ произведено во 1970 година. „Сакав на Том Хенкс да му покажам колку им е драг тој автомобил на Полјаците“, изјави таа.

Автомеханичари и автолакери бесплатно ќе го реновираат автомобилот, пред тој да „полета“ за Лос Анџелес, а од авионската компанија објавија дека нема да наплатат за транспортот.