Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот џез и фанк гитарист и музичар Владимир Четкар го промовираше својот нов сингл „Joyride“, кој пред публиката и пошироката јавност доаѓа заедно во пакет со видео спот за истиот.
Музиката, нормално, е на Четкар, а режијата на спотот е потпишана од Борче Димоски од Digital Box Production.
Останатата музичка секција ја покриваат Алберт Леусинк на труба, Макс Зуи на тенор саксофон, Сет Вивер на тромбон, Џастин Салисбари на клавијатури, Џејмс Квинлен на бас, Нолан Бирд на тапани. Песната е снимена од Тод Кардер во The Bunker Studio во Њујорк, а гитарата е снимена од Јан Лавли во Cowboy Technical Services исто во Њујорк.