Фан на Челзи ја фрли сезонската карта после дебаклот од Сити


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден гневен фан на Челзи кој во живо го гледаше големиот пораз од Манчестер Сити, во знак на револт ја фрли сезонската карта после последниот свиреж на судијата.

Тоа се случи откако дефанзивецот Антонио Рудигер отиде кај своите фанови да им се извини за дебаклот. Германецот му го даде дресот на еден од фановите, но друг гневно му ја фрли сезонската карта во лице.

„Сините“ загубја на последните три гостувања на кои примија 12 гола без да успеат да постигнат барем еден гол, па го загубија и четвртото место на табелата.

Инаку, сезонскиот билет за натпреварите на Челзи чини 1.250 фунти.