Фамата никако да престане: Нови докази за потонувањето на грандиозниот Титаник


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Титаник потонал заради големиот пожар што избил на него, а не затоа што удрил во санта мраз, тврдат стручњаците кои објавија нови докази што се потпираат на оваа теорија.

Величествениот брод, Титаник, потонал во април 1912 година на рутата од Саутемптон до Њујорк, при што животот го загубиле повеќе од 1500 луѓе и членови на екипажот.

Додека причината за несреќата се припушувала на огромна санта мраз во којашто удрил бродот, стручњаците дошле до нови докази кои укажуваат дека катастрофата ја предизвикал пожар што избил во трупот на бродот пред испловувањето што сопствениците на Титаник не сакале да го одложат.

Новинарот Senan Molony, кој повеќе од 30 години се занимава со катастрофата на Титаник, проучувал ретки фотографии што ги снимил главниот електро-инженер на бродот. Забележал големи црни дамки во внатрешноста на бродот од десната страна на трупот, на местото каде што подоцна бродот го пробила сантата мраз.

1932 --- Sinking of the Titanic by Willy Stoewer --- Image by © Bettmann/CORBIS

Дамките најверојатно настанале поради пожарот во една од просториите со котлите. Пожарот се обидувале да го изгаснат дванаесетмина луѓе, но бил преголем за да се стави под контрола, а температурата се искачила преку 1000 степени. Екипажот на бродот наводно добил наредба од претседателот на бродската компанија White star line, Џ. Брус Исмеј, да не смеат никому да кажат за пожарот, бидејќи сметал дека ќе успеат да го изгаснат. Претставувајќи го својот нов документарец Титаник: Нови докази, Молони навел како пред испловувањето бродот бил обратно врзан, за патниците да не го видат огнот што тлеел.

Кога бродот налетал на сантата, челичниот труп поради пожарот бил преслаб и испукал, по што се случило потонувањето.

Службената истрага за оваа катастрофа потонувањето го третирала како божјо дело. Но, овој не бил едноставен случај на судар со санта мраз. Катастрофата е последица од оган, мраз но и човечки фактор, односно невнимателност од страна на сопственикот на компанијата. Никој досега случајот ‘Титаник’ не го проучувал на овој начин. Стручњаците за металургија ни кажаа дека нивото на температурата до кое можело да се стигне заради пожарот можел да ја намали цврстината на челикот и до 75 отсто, појаснил Молони, а пренесува Индипендент.

Во 2008 година, експертот Рој Бостон изнел теорија според која во складиштето за јаглен на Титаник почнал да тлее пожар десет дена пред испловувањето. И да не удрел во санта мраз, бродот би потонал пред да стигне во Њујорк, заклучил Бостон.