Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Швајцарската централна банка ја претстави новата банкнота од 20 франци. Вицегувернерот, Фриц Зурбург, смета дека тоа би можело да биде најсигурната банкнота на светот, пренесува порталот Банкарство.мк.
Банкнотата е црвена по боја и изработена е од памучни влакна, а одвнатре има основа од полимер. Делот на елементите против факсификување може да бидат видливи само под ултравиолетова светлина или микроскоп. Таа ќе биде пуштена во оптек на 17 мај.
На изборот во 2016 година за најсигурна банкнота е прогласена швајцарската банкнота од 50 франци, во конкуренција од 18 валути.
Освен што користи најмодерни методи за заштита од фалсификување, новата банкнота од 20 франци е со помал формат од досегашниот, па банкнотата е поедноставна за користење.
Следна на ред е банкнотата од 10 франци, додека банкнотите од 100, 200 и 1000 франци ќе бидат претставени во 2019 година.