Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На едно аукциско наддавање кое неодамна се одржа во Аризона, лажен модел на Ферари, направен и користен за филмски цели, достигна многу повисока цена дури и од нов оригинален примерок од славниот автомобилски бренд.
Минатиот викенд на аукцијата на „Барет-Џексон“ во Скотсдејл, Аризона, Ферари што се користел во комедијата „ Ferris Bueller’s Day Off” се продаде за неверојатни 396.000 долари. Оваа цена дури ја надмина цената на новиот Ferrari 812 Superfast, што е исклучително голема сума пари за автомобил направен само за филмска улога.
View this post on Instagram
Серијата # GTC011 е направена од Modena Design & Development и овој автомобил е едно од трите возила што се користеле во филмот. Неколку месеци пред оваа аукција, тој беше подложен на реставрација за да ја добие најдобрата можна цена. Има класичен V8 мотор споен со петстепен мануелен менувач. Неговата внатрешност е покриена со кожа во кремава боја, а има GPS брзинометар и ретро радио со Bluetooth, како и два засилувачи на Blaupunkt кои напојуваат 14 звучници.
View this post on Instagram
За време на реставрацијата, ова возило доби неколку додатоци, како што се внатрешните цевки од јаглеродни влакна за да се намали тежината на автомобилот. Покрај тоа, има класични 16-инчни бандажи и специјално изработени гуми.
Со овој автомобил, клиентот добил и предмети од колекцијата на филмот, како што се фотографии од неговото изработување, верзија на играта Hot Wheels и потврда за автентичност на компанијата.
Ова не е прв пат Ферари од истиот филм да се продава по висока цена на аукција – тоа се случило и со оној што бил купен во август 2018 година за дури 407.000 долари.