Фалкао го напушта „бродот кој тоне“!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Искусниот колумбиски напаѓач Радамел Фалкао би можел да го напушти Монако во јануарскиот преоден рок.

Фалкао оваа сезона се вклопи во сивилото, постигна само седум голови и неговиот тим се наоѓа во многу тешка состојба.

И додека Монако се бори за опстанок, Фалкао најверојатно ќе го напушти „бродот кој тоне“. Француските медиуми тврдат дека Колумбиецот има примамлива понуда од Галатасарај и преговорите за трансфер се веќе започнати.

Од друга страна Монако е заинетресиран за играчот на Галатасарај, Јанес Белханда. Меѓутоа, нема да дојде до трампа бидејќи двата тима одлучија да водат одделни преговори.

Сепак, медиумите се оптимисти дека трансферот ќе се реализира на почетокот на преодниот рок, односно во следните две недели.