Home Актуелно Фалеше на историската посета од Ципрас: Каде беше вчера Никола Димитров?

Фалеше на историската посета од Ципрас: Каде беше вчера Никола Димитров?

Во сета таа фама и помпезна атмосфера која вчера владееше пред Влада и во текот на целиот ден, кога премиерот на Грција, Алексис Ципрас, оствари историска посета на главниот град на Македонија и средби со македонскиот политички врв, евидентно беше отсуството на првиот човек на македонската дипломатија, министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Министерот Никола Димитров ја пропушти историската средба а јавноста се прашуваше каде е тој. Првиот човек на македонското министерство за надворешни работи беше оправдано отсутен поради патување во САД.

Тој во Вашингтон е учесник на состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, што се одржува на 3 и4 април .

Состанокот на кој министерот зема учество е од важно значење за земјава бидејќи Македонија за прв пат активно ќе учествува во својство на поканета земја за членство а Димитров според МНР таму патува на покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и американскиот државниот секретар Мајк Помпео.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…