Facebook „во дупка“ од 50 милијарди евра во четвртиот квартал од 2019 година


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Крајот на 2019 година за една од најпопуларните социјални платформи на планетава, Facebook, не беше баш успешен и сјаен. Тоа драстично се одрази на нејзината вредност и позиција на пазарот.

Акциите на Facebook ослабea осум проценти во четвртокот откако компанијата во средата го објави извештај за заработка во четвртиот квартал во 2019 година.

Ова доведе до пад на пазарната вредност на компанијата од дури 50 милијарди долари, и сега таа вреди помалку од 600 милијарди долари, објави NBC News.

Падот на цената на акциите уследи по извештајот за пораст на трошоците на Facebook од дури 51 процент во 2019 година во споредба со 2018 година.

Трошоците се тесно поврзани со подобрувања во приватноста и безбедноста на корисниците на кои оваа социјална мрежа работи откако се соочи со јавни критики.

Овие податоци се совпаѓаат со падот на оперативната профитна маржа, од 45 проценти во 2018 година, на 34 проценти во 2019 година.

Покрај зголемените трошоци во споменатите области, Facebook работи и на измени во врска со рекламирањето, што го забавува неговиот развој.

Од компанијата велат дека подобрувањето на приватноста во софтверот на Apple и Android на Google може негативно да влијае на таргетирање при рекламирање на најпопуларната социјална мрежа.