Facebook: Пратете ни фотки на кои сте голи за да ве заштитиме


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најпопуларната социјална мрежа на интернет, Facebook, од своите корисници бара да им испратат на нивните администратори фотографии на кои позираат голи. Од Facebook тврдат дека тоа го бараат со цел Facebook да ја подобри заштитата на приватноста од нивните корисници.

Корисниците на оваа социјална платформа се молат да испратат разголени фотографии кои ги објавиле на мрежата, со цел од Facebook да ја подобрат заштитата на приватноста блокирајќи го секој еден кој би се обидел да ја објави истата фотографија без знаење и дозвола на сопственикот.

Проектот за заштита на приватноста започна во Австралија, а сега се планира проширување и во САД, Канада и Велика Британија.

„Понижувачко и срамно е кога некој споделува нечии интимни фотографии без дозвола и знаење од сопственикот и ние сакаме да направиме сè што е во наша можност за да им помогнеме на жртвите од ваквата злоупотреба“, вели Антигон Дејвис, шеф на секторот за безбедност на Фејсбук.