Facebook, Apple и YouTube го блокираа контроверзниот Алекс Џонс


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Гигантите во сферата на интернетот и масовното глобално поврзување, Facebook, YouTube, Apple и Spotify му ставија цензура на најпознатиот американски теоретичар на заговори , Алекс Џонс.

Интернет компаниите вчера почнаа офанзива против теоретичарот на заговори , Алекс Џонс, кој веќе ќе нема пристап на најголемите мрежи. Тој со години минуваше неказнето , а од друга страна YouTube, Facebook и Twitter со години се обвинувани за дезинформации и ширење на говор на омраза.

Основачот на интернет станицата InfoWars, Алекс Џонс е близок до крајната десница , а прв пат стана популарен кога излезе јавно со теории за масакрот во училиштето Санди Хук во 2012 . Тогаш беа убиени 26 лица , меѓу кои 20 деца , а убиствата Џонс ги нарече исценирани . Тој тврдел дека родителите на убиените деца се платени за да одиграат таква улога, по што доби тужби од нив.

Меѓу теориите на Џонс е и онаа дека САД го нарачале нападот на 11 септември . Во 2015 гостин на Џонс бил и Доналд Трамп , кој изјави дека неговиот углед е неверојатен и му вети поддршка.