Advertisements
Вебкафе

„Face Pause“ – апликација која ги паузира содржините кога не гледате во мобилниот

Напредната опција на „паметните“ телфони да препознаваат кога нивниот сопственик или некој друг гледа во екранот од смартфонот, „комуницирајќи“ со лицето од човекот, се наметнува како сè поважна поради новите системи за отклучување на екранот со препознавање на лице.

Исто така, многу е важно телефонот да препознае кога не гледате во екранот и да го паузира видеото кое го гледате. Иако ова звучи неверојатно, новата апликација ја овозможува оваа функција на корисниците.

Апликацијата со има „Face Pause“ автоматски ќе ја паузира секоја содржина на екранот додека не гледате во него. Оваа апликација е се уште во рана фаза на развој и има одредени проблеми со стабилноста, но и понатака служи како концепт кој покажува дека се е возможно со новите технологии.

Advertisements
To Top