Фабрика меѓу Охрид и Струга: Нова тримилионска инвестиција – еве за што се работи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во присуство на Арбнор Речи, како сопственик, и дел од владините министри како државни претставници, во технолошко индустриската развојна зона помеѓу Охрид и Струга започна изградбата на новата американска инвестиција во Македонија, на компанијата „Reci & Sons Enterprise“.

Оваа компанија е формирана во 2012-та година во Њу Џерси, и е дел од индустријата за козметика. Инвестицијата во Струга е тешка три милиони евра. На почеток предвидено е да се вработат 250 лица, кој подоцна треба да се искачи до 700, пренесува „Глас на Америка“.

„Оваа инвестиција е можност Македонија да задржи голем дел од младите кои бараат подобар живот. На овој начин можеме да обезбедиме иднина, со која Македонија ќе извезува производи, а не луѓе. Стабилноста и растот ќе овозможат подобар живот за нашите деца како и подобра иднина за луѓето. Производите за лична хигиена што ќе се произведуваат овде, освен во Европа очекувам да се извезуваат и низ целиот свет. Ова беше сон на мојот татко и среќен сум што се враќам овде“, рече инвеститорот Арбнор Речи.

За вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев,инвестициите кои се промовираат последниот период се знак дека политиките на владата со финансиска подршка за инвеститорите даваат резултати.

„Дека Владините мерки даваат резултати покажуваат и резултатите на Заводот за статистика, каде бруто домашниот производ во вториот квартал од 2018-та година во споредба со истиот период лани има пораст од 3,1 процент Тоа значи дека мерките полека даваат резултат и дека државата ја носиме во позитива од 3,1процент, но и дека економијата ја доведуваме во ред“, рече тој.

„Ова е инвестиција на прв иселеник од дијаспората, а одлуката на семејството Речи да инвестира во Македонија е вистинска, и е потврда за преземените реформи во економијата. Дијаспората е многу важен фактор за економијата во Република Македонија и ние сме подготвени да дадеме целосна подршка на сите печалбари кои се заинтересирани да инвестираат тука“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

На промоцијата на новата инвестиција беа присутни и директорот на ТИРЗ Александар Младеновски, министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска, градоначалниците на Охрид и Струга, Рамиз Мерко и Јован Стојановски како и лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој ги повика иселениците да инвестирата во државата

Инаку ова е десетта инвестиција од САД во индустриските зони во Македонија. Директорот на Технолошко индустриските развојни зони Александар Младеновски, за Гласот на Америка рече, дека овие инвестиции достигнуваат вредност и до 100 милиони евра со околу 10.000 вработени.

Во Македонија инвестиции од САД уште има и во фабриката Леар во зоната во Тетово која вработила 2.500 лица како и фабриката Key Safety Sustems во Кичево со 1.800 вработени.