Фабричко производство на пелети од земојделски отпад во Македонија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јавното претпријатие Македонски шуми и компанија од Словачка потпишаа меморандум за соработка. Планираат да градат фабрика за производство на пелети од шумски и земјоделски отпад. Инвестицијата се проценува на 10 милиони евра, предвидени се 500 вработувања.

Од шумскиот и земјоделски отпад ќе се произведуваат пелети. Македонски шуми потпиша меморандум со словачка компанија. Ќе се гради фабрика, инвестиција вредна 10 милиони евра, ќе има и дистрибутивна мрежа.

Во првата фаза ќе бидат реинвестирани околу 10 милиони евра и ќе вработиме околу 500 луѓе во првите три години. Производството на пелети ќе се користи за македонскиот пазар, но најголем дел ќе се извезува. Во втората фаза ќе се изгради фабрика за производство на печки за пелети што би ги замениле сегашните печки кои можеби не се толку зелени, и тоа се одразува на воздухот, посочи Хенри Кубичка, Холц Консалтинг Словачка.

Поголем дел од суровината ќе се увезува од САД и Украина. Пет до осум проценти од производството ќе се пласира на македонскиот пазар. Според надлежните, цената ќе биде берзанска, за домашните клиенти поповолна од сегашната.

Нивното месечно производство ќе биде два пати поголемо отколку цела Македонија да се преориентира на пелети, а ќе направат и дистрибитивна мрежа таква што нивните клиенти нема да се грижат, бидејки тие ќе може да им ги достават и до дома. Цената на пелетите, ќе биде берзанска, ќе биде и многу пониска од сегашната цена во Македонија, посочи Кристијан Делев, заменик министер за економија.

Локацијата на фабриката допрва ќе се утврдува, според менаџментот и надлежните ќе биде лоцирана во непосредба близина на коридорот 10 и железницата. Македонски шуми се обврза да на Словачки Холц Консалтинг да им ја обезбедат суровината.

Ние ќе земеме во предвид нашите клинети првенствено нив да ги задоволиме, онаа дрвна маса, онаа суровина што ние ќе ја дадеме ќе ги задоволува потребите на граѓаните на РМ, рече Жарко Караџовски, директор на Македонски Шуми.

Пелетите во Европската унија имаат третман на зелена енергија, искористеноста расте во просек за 10- тина проценти на годишно ниво.