Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Надлежните комунални служби ги чистат купиштата отпад кои водите на Охридското Езеро ги исфрлија на кејот, соопшти деновиве Јавното претпријатие „Охридски комуналец“. Силниот ветер и брановите од езерото го преполнија кејот и крајбрежјето на Охрид со ѓубре.
„Секојдневно се подигаат огромни количини тешко разградлив отпад (пластична и картонска амбалажа, најлон кеси, лименки и друго) што надојдените реки ги носат со себе, како и наноси од трска, реси и муљ кои силниот ветар од јужен правец ги исфрла на кејот“, велат од Јавното претрпијатие.
Тие најавуваат дека наредните денови ќе продолжат со исто темпо, со цел одржување на јавната чистота на градскиот кеј и пристаништето.