Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јавниот медиумски сервис на Холандија оваа кризна 2020 година годинава, наместо класичниот Евросонг, ќе организира посебна програма во која ќе учествуваат претставниците од 41 земја, кои требаше да ги претставуваат своите земји на стандардната церемонијална манифестација Евросонг 2020.
Евровизијата која требаше годинава да се одржи во Ротердам е откажана поради пандемијата од коронавирусот, фановите на Евровизија сега ќе гледаат алтернативно телевизиско шоу, што значи дека сите пејачи ќе и се престават на публиката во Европа и светот.
Европската радиодифузна унија во соработка со холандскиот јавен сервис кој требаше да го организира годинешниот Избор за песна на Евровизија потврдија дека подготвуваат нов програм кој ќе биде емитуван на 16 мај, наместо откажаното финале на Евросонг.
На посебниот програм наречен „ Eurovision: Europe Shine A Light“ ќе учествуваат претставници од 41 земја, но и неколку стари ученици на Евровизија кои на препознатливи места низ Европа ќе изведат познати хитови од Евросонг.
-На 16 мај ќе се обидеме да ја обединиме Европа во единствен телевизиски програм. Ги повикуваме сите емитери кои сакале да испратат учесник на годинешниот Евросонг и другите членови на ЕБУ да ја емитуваат оваа емисија во духот на единството и заедништвото, изјавил извршниот супервизор на Евросонг Јон Ола Санд.