Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еврото денеска падна на 20-годишен минимум на ниво под еден долар и се тргнува на ниво од 0,9952 долари за евро.
Ова се должи на намалената побарувачка поради загриженоста од електро-енергетската криза и политичките превирања во Италија. Во меѓувреме, американската валута зајакна поради очекувањата за агресивно зголемување на каматните стапки од страна на Федералните резерви.
Ова е најниско ниво на еврото од декември 2002 година, додека доларот е на највисоко ниво од септември 2002 година.
Завчера за првпат по 20 години еврото се израмни со доларот.