Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вредноста на американскиот долар на девизниот пазар делумно се намали од највисокото ниво што го достигна во последните 20 години, пренесува „Sky News“.
Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 108,70 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 108,85 поени, пишува медиумот.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 138,60 јени, колку што беше во овој момент вчера. Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0032 долари, додека вчера беше 0,9997 долари, стои во анализата.
Зајакнувањето на еврото е последица на очекувањата дека Европската централна банка ќе ги зголеми каматните стапки во септември, повеќе од очекуваното, за 0,75 процентни поени, пренесуваат медиумите во регионот.
Појаснуваат дека цените на нафтата благо пораснаа, откако вчера потонаа за повеќе од пет долари, бидејќи трговците со акции стравуваат дека забавувањето на економскиот раст ќе предизвика послаба побарувачка за „црното злато“.
Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 48 центи на 99,79 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 65 центи на 92,28 долари.