Евросонг во Украина се пренесуваше преку импровизирано студио – украинските претставници фаворити за победници


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Украина синоќа се пласираше во финалето на Евровизија, а „Калуш оркестра“ ги воодушеви гледачите ширум Европа.

Изборот за песна на Евровизија синоќа беше следен во дел од Украина, а на Твитер се појави фотографија од нивниот коментатор Тимур Мирошниченко, кој го следел натпреварувањето и тоа го пренесе на украинската телевизија.

Мирошниченко ја пренесуваше Евровизија од импровизирано студио во засолниште, а неговата фотографија, објавена на Твитер од британскиот евровизиски новинар Вилијам Адамс, предизвика бурни емоции на социјалните мрежи.