Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Европската унија го одобри 130 милијарди долари вредното спојување на американските агро-хемиски гиганти Дау Кемикал и Дупонт.
Нашата денешна одлука обезбедува спојување на Дау Кемикал и Дупонт и нема да ги намали конкурентните цени на постоечките пестициди или иновации, соопштеи европската комесарка за заштита на конкуренцијата Маргрет Вестагер.
Европската комисија отвори истрага за да испита дали оваа аквизиција може да ја намали конкуренцијата во области како што се заштита на растенијата, семиња и производство на одредени петрохемиски производи.
Двете најстари американски компании Дау Кемикал и Дупонт, во декември лани се согласија да се спојат со цел создавање на хемиски гигант во вредност од околу 130 милијарди долари.