Европските граѓани ќе можат да користат лаптопи на летовите од Европа кон САД


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Преносните компјутери засега нема да бидат забранети во авионите од Европа кон САД, соопшти американското министерство за внатрешна безбедност.

Проширувањето на таа забрана, која веќе е на сила за летовите од Блискиот Исток, се уште се разгледува меѓу можните мерки доколку тоа го оправдува нивото на закана појасни преку соопштение американскиот министер за внатрешна безбедност Џон Кели по телефонскиот разговор со европските комесари за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос и сообраќај Виолета Булц.

Тој во неделата рече дека американските власти се подготвени да ги забранат преносните компјутери во кабините на авионите на сите меѓународни летови од и во САД поради реална закана.