Актуелно

Европскиот врв во Скопје: Политичките „тешкаши“ во посета на Македонија

Жан Клод Јункер ќе ја започне својата балканска политичка турнеја во недела со посета на Македонија. Јункер ќе го придружуваат високата преставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан.

Во Македонија засега се потврдени средби со претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев, по која средба ќе се одржи и заедничка прес конференција, пренесува Фокус.

Посетата на Јункер ќе се поклопи со доаѓањето на тројката европратеници Иво Вајг, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн кои в недела ќе пристигнат во Македонија во рамки на процесот Жан Моне.

Тројцата пратеници ќе остварат средби во понеделник попладне со лидерите на главните политички партии.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top