Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Скандалозни корекции во однос на Бугарија во Годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија“ – вака гласни насловот од редакцијата на бугарската информативна агенција „Бгнес“ која ја објавува информацијата за најавените амандмани на редовниот извештај кои ќе се најдат на дневен ред во Европскиот парламент на 24 и 25 март, пренесува 360 Степени.
Како што јавува „Бгнес’“, во последен момент парламентарните групи на Социјалистите и на Зелените предложиле корекции на Извештајот за С Македонија. Според репортерот на „Бгнес“, амандманите се со исклучително неизбалансирана, еднострана и неправедна содржина кон Бугарија.
Со предложените корекции се обвинуваат членови на бугарската влада за провокативни изјави во однос на историски прашања кои ја засегаат Северна Македонија и во таа насока се повикуваат бугарските власти да се воздржат од такво однесување за време на предизборната кампања во Бугарија, пишува „Бгнес“.
„Текстот како да е напишан по порачка на властите во Скопје. Во него дури се потенцира ‘зрелиот и балансиран одговор на бугарските провокации од страна на македонската влада’, потенцира „Бгнес“.
Оттаму најавуваат дека ќе побараат за ова да се изјасни и известителот за С Македонија во ЕП, Илхан Кјучук, како и другите претставници на политичките партии од Бугарија во Европскиот парламент.
Иако се само од консултативен карактер, извештаите на ЕП за напредокот на земјите кандидатки се јасен израз на расположението на политичките сили во Европарламентот, заклучува „Бгнес“