Европската унија даде изим за првиот лек кој лекува хронична мигрена


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот специјално создаден лек против хроничната мигрена, добил зелено светло од здравствените власти во рамки на Европската унија.

Се очекува дека „Еренумаб“ да биде разгледан од англиските и шкотските здравствени агенции за да се процени дали е соодветен за употреба.

Производителот „Новартис“ изјави дека пциентите ќе можат да го земат лекот приватно од септември, откако Европската агенција за лекови ќе одобри лиценца за лекот за пациенти кои имаат најмалку четири мигрени во месецот.

Лекот е создаден за блокирање на пептидниот рецептор поврзан со капцитонинот, кој се смета дека е вклучен во активирањето на мигрената.

Во моментов, нема лек за мигрената, иако постојат третмани со кои се олеснуваат симптомите.

„Новартис“ рече дека лекот е прв и единствен лиценциран третман специфично дизајниран за спречување на мигрената. Пациентот може да го земе сам со инјекциско пенкало.