Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
И во најновиот извештај на Европската комисија за Македонија се препорачува отпочнување на пристапни преговори меѓу нашата земја и ЕУ.
Реформите во судството, реформите во службите за безбедност и разузнавање, како и реформите во јавната администрацијата се дел од позитивните елементи кои се наведени во најновиот извештај на Европската комисија, објасни на денешната прес-конференција Националниот координатор за ЕУ интеграции, Бојан Маричиќ.
Во однос на првата област која се однесува на судството, Маричиќ посочи дека извештајот нотира засилено темпо на имплементација на реформите предвидени со Стратегијата за реформа во правосудството, за која вели дека претставува и адресирање на итните реформски приоритети уште од извештајот на Прибе.
„Во таа насока и носењето на Законот за јавно обвинителство, за што во извештајот има посебен дел, каде што е наведено дека целта на овој закон, меѓу другото е да се обезбеди одговорност за сторените прекршување на законите и целосно затворање до правосилна судска пресуда на случаите кои ги отпочна Специјалното јавно обвинителство. Како добра пракса извештајот на ЕК го нотира и разрешувањето на шест судии, вклучувајќи го тука и поранешниот претседател на кривичен суд во Скопје, односно на одземањето на имунитет на еден судија во Управен суд“, рече Маричиќ на денешната прес конференција по повод новиот европски извештај.
Исто така, тој спомена дека во извештајот се наведени и реформите во Секторот за безбедност и разузнавање, каде се посочува на новиот закон и на воспоставување на Оперативно-техничката агенција (ОТА), односно Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
„Притоа, извештајот прави разлика помеѓу стариот систем на работа кога функционираше УБК и денешната АНБ и посочува на зајакнатиот надзорен капацитет во овие служби, но и на собранието кон овие служби“, објасни Маричиќ.
Извештајот се осврнува и на реформите на јавната администрација, каде, како што вели Маричиќ, се потенцират активностите за подобрување на транспарентноста и отчетноста на администрацијата, но и напорите за дигитализација и поедноставување на пристапот на граѓаните до администрацијата.
Овој извештај, според Маричиќ е нова потврда за посветеноста на реформите, со акцент во делот на правдата и владеењето на правото.