Европската комисија одлучи – нема казна за „Газпром“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Рускиот гигант „Газпром“ нема да биде казнет – тоа е одлуката која ја донесе Европската комисија после истрагата за злоупотреби на пазарите во Источна и Централна Европа.

Европската комесарка за конкуренција Маргрет Вестагер изјави дека е постигнат договор со „Газпром“, кој треба да ја натера руската компанија да ги почитува правилата за конкурентност на Европската Унија.

ЕК од 2011 ги разгледува сомнежите за злоупотреба на доминантната позиција од страна на „Газпром“ во осум земји членки на ЕУ од Источна Европа – Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Унгарија и Чешка.