Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на Фајзер против ковид-19. Со ова одобруваењ се отвора патот за можен почеток на вакцинациите во Европа на 27 декември.
Тоа е условно одобрување, што значи дека вакцината е одобрена за лица постари од 16 години во сите 27 земји-членки на ЕУ.
ЕМА се очекува да го обврзе Фајзер за понатамошно истражување на вакцината и следење на состојбата со вакцинациите во Европската унија.
„Ова е навистина историско научно достигнување“, рече Емер Кук, шеф на агенцијата. „Ова е значаен чекор во нашата борба против пандемијата“.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен објави на Твитер дека одобрувањето на ЕМА е „одлучувачки момент во нашите напори да доставиме безбедни и ефикасни вакцини на Европејците!
„Сега ќе дејствуваме брзо. Очекувам одлука на Европската комисија до вечер“, рече таа. За извршната власт на ЕУ се очекува два или три дена да ја одобри одлуката на ЕМА.
Властите во Германија и неколку други европски земји соопштија дека се надеваат дека ќе започнат со вакцинирањето на 27 декември.
„Денес е особено личен и емотивен ден за нас во Бајонтек“, рече Угур Сахин, извршен директор и ко-основач на компанијата. „Бидејќи сме во срцето на ЕУ, воодушевени сме што сме чекор поблизу до потенцијално доставување на првата вакцина во Европа за да помогнеме во борбата против оваа разорна пандемија“.