Европска банка прогнозира пад од 5 проценти на македонската економија до крајот на оваа година


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според статистичките прогнози на Европската банка за обнова и развој, македонската економија годинава ја очекува пад од 5 проценти, а догодина раст од 3, 5 отсто.

Слични се проекциите и за останатите земји од Западен Балкан. Ваквите бројки главно се темелат на лошите резултати во работењето на туристичкиот сектор, угостителството, падот на странските дирекни инвестиции и дознаките од странство.

Претходно ЕБОР прогнозираше пад за македонската економија од 3, 5 проценти и раст од 5,5 отсто во 2021та година.

Годинава најголем раст се очекува да има Црна Гора.