Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Загрижувачки факт за европските земји е сè поголемата зависност која Турција ја има од Русија, пренесува германски „Билд“.
За таквото мнение меѓу пошироката јавност најмногу придонесуваат два фактори – завршувањето на изгадбата на гасоводот „Турски тек“, но и заедничкиот став на Москва и Анкара по прашањето запирање на воените операции во Сирија и Либија.
Од германскиот весник го поставуваат прашањето и дали турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган воопшто може себеси да си дозволи да му се спротистави на својот руски колега Владимир Путин во поглед на енергетската зависност на Турција од Русија.
Како што се наведува, поради недостатокот на сопствена енергетика таа “хронична глад“ на Турција зависи од увозот што и ги наведува аналитичарите во Европа на мислата дека „Ердоган сè повеќе се движи кон Путиновата воденица“.
Меѓутоа, покрај енергетската ситуација важна улога имаат и конфликтите на Блискиот исток во кои се вклучени и Русија и Турција.
Кога станува збор за Сирија, „Билд“, потезите на Путин ги оценува како обид да ги смири двајцата заколнети непријатели – претседателите на тие земји, Башар ел Асад и Ердоган и тоа со цел што побрзо и со тоа да се намали влијанието на САД во регионот.
Од друга страна пак, Либија исто така одиграла важна улога во односите помеѓу Путин и Ердоган, бидејќи во тој конфликт Путин и Ердоган биле на различни страни.