Европа и Медитеранот на удар од нов студен бран


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според метеоролошките прогнози, следните два-три дена Европа ќе биде на удар од еден од најладните бранови, кој може да ги донесе и првите обилни врнежи од снег оваа сезона.

Ладниот бран кој доаѓа од северот веќе ги зафати Алпите, на чии врвови се очекува најмногу снег.

Заладување ќе има во Британија, Франција и земјите на Бенелукс, а особено ќе биде ладно на југот од Франција и западот на Медитеранот.

Вториот студен бран над дел од Европа доаѓа од утре и ќе ја зафати Источна Европа и Балканот.